ЗА НАС
Да ја направиме инклузијата мејнстрим!
Главниот фокус на Брц.мк е ЕДНАКВИ – рубриката преку која посветено ја истражуваме, прикажуваме и актуелизираме борбата за инклузија на лицата со попреченост. Нашата мисија е темите кои предолго беа туркани на маргините да ги поставиме во самиот центар на општественото внимание, правејќи ја инклузијата вистински сеприсутна во секојдневието.
Но, не застануваме само тука. Како што сугерира и самото име, ние постојано ќе брцкаме под површината на сите актуелни настани. Информациите ги пакуваме за да го поттикнат критичкото размислување, нудејќи поинаква перспектива за културата и особено за независната култура која треба да биде двигател на општеството, за дигиталниот свет и за вештачката интелигенција. Ќе ги покриваме пулсот на урбаната сцена, возбудата во спортот и, неизбежно, случувањата во политиката кај нас и во светот.
Нудиме простор каде вестите и забавата добиваат посуштинска димензија.
Брцни под површината на вестите!