АРТВЕСТИСЦЕНАТРЕНД

(ВИДЕО) Зад сцената на анимираниот филм Лефти и Рајти со Јованова и Цветковски

Продукцискиот тим на новиот македонски краткометражен анимиран филм за деца „Лефти и Рајти“ јавно го сподели првиот ексклузивен видеоматеријал кој открива како изгледаше процесот на снимање и позајмување на гласовите „зад сцената“. Видеата, кои се веќе достапни на социјалните мрежи, се снимени и изработени од Славјан Стојанов.

Во оваа забавна анимирана авантура, главните улоги им припаднаа на познатите македонски актери. На ликот Лефти гласот му го позајмува Јелена Јованова, додека зад Рајти стои Гораст Цветковски. Екипата ја надополнуваат и Изабела Јакимова како „Јакната Јасна“, Ева Скендеровска како „Дреска“, додека улогата на наратор ја толкува Тања Кочовска. Како статисти во проектот се појавуваат сестрите Јана и Миа Велеви, како и Александар Георгиевски.

Мултимедијален проект за најмладите

„Лефти и Рајти“ е целосно оригинален концепт создаден од Наташа Дукоска. Станува збор за заокружена детска приказна која освен анимираниот филм, во својот концепт веќе опфаќа и серија сликовници, како и театарски претстави наменети за најмладата публика.

Овој краткометражен анимиран филм се реализира како меѓународна копродукција, финансиски поддржана од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC).

Објавени се кратки видеа на официјалните профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, каде што се прикажани најинтересните и најсмешните моменти од студиското снимање на актерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Лефти и Рајти (@leftiirajti)

 

Back to top button