ВЕСТИПОЛИТИКА

Мицкоски по вчерашното невреме во Скопје: Штетите се санираат и согласно законот истите ќе се рефундираат

Премирот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна дека никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат.

„Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано“, истакна Мицкоски.

На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече:

„Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“.

Back to top button