ВЕСТИЗЕЛЕНАМАКЕДОНИЈА

Институтот за демократија: Шар Планина – Македонската водна кула пред нови предизвици

Шар Планина претставува стратешки воден капитал од кој директно зависат питката вода во Тетово, Гостивар и Скопје, но и функционирањето на Мавровскиот хидросистем. Сепак, последните кризи со водоснабдувањето покажаа дека природното богатство само по себе не е гаранција за безбедна вода за пиење, предупредува Институтот за демократија во својата анализа.

Од Институтот нагласуваат дека водната сигурност зависи од начинот на кој се управува со целиот систем, а не само од количината на расположлива вода. За зачувување на овој ресурс се потребни сигурна физичка инфраструктура, континуиран мониторинг на терен, строга заштита на водозаштитните зони и примена на Рамковната директива за води на Европската Унија.

Тие порачуваат дека во 21 век водата не смее да се третира само како суровина за бизнис или енергетика, туку како основно човеково право и критична инфраструктура. Прашањето не е дали Шар Планина има доволно вода, туку дали државата ќе успее соодветно да управува со овој капитал за да го зачува за идните генерации.

Back to top button