Во понеделник наутро штрајк на грчките цариници на сите гранични премини

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува сите македонски граѓани и превозници дека во понеделник, на 27 јули 2026 година, е најавен штрајк на царинските службеници на граничните премини во Република Грција.
Како што информираат од МВР, согласно добиените официјални известувања од надлежните грчки органи, протестот ќе ги опфати граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).
Изменет режим и целосен прекин за товарните возила
Од МВР соопштуваат дека штрајкот ќе предизвика значителни измени и застои во одвивањето на граничниот сообраќај во утринските часови.
„Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (односно од 06:00 до 10:00 часот по грчко време), на граничните премини Богородица, Дојран и Меџитлија патничките возила ќе се пропуштаат забавено, односно на секои 10 минути. Во истиот временски интервал, товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин и за влез и за излез од Република Грција. Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети за да се обезбеди соодветна контрола и ред“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата им препорачуваат на сите патници кои планираат патување кон Грција во понеделник наутро навремено да ги планираат своите патувања или да ги прилагодат термините за преминување на границата за да се избегнат поголеми гужви.
