ВЕСТИМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКАСКОПЈЕ

Ѓорѓиевски: Клучката „Момин Поток“ ќе биде завршен до Нова година

Изградбата на клучката „Момин Поток“ е реализирана 75 отсто и ќе биде целосно завршена до Нова година, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по денешниот увид на терен заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакнува Ѓорѓиевски, пред седум месеци проектот бил затекнат во целосна стагнација со едвај 10 проценти реализирана експропријација, додека денес постапката е целосно завршена, а сите граѓани чии имоти биле опфатени се целосно обесштетени и исплатени од Град Скопје.

Пет нови моста, потпорни ѕидови и поврзување со булеварот „Љубљанска“

Според најавите, проектот опфаќа велосипедски и пешачки патеки, околу два километри изградени потпорни ѕидови и пет моста кои се во финална фаза, а во тек е и уривањето на стариот мост над реката Серава за изградба на нов и поширок мост.

„Во непосредна близина сериозно напредува и изградбата на ‘Љубљанска’, чиј рок за завршување е исто така до Нова година и ќе го поврзе Карпош со Бардовци и Злокуќани. На булеварот ‘Борис Трајковски’ целосно ги решивме имотно-правните односи и веќе интензивно се работи на трасата, а по истекот на законскиот рок ќе започнеме и со работите кај мостот ‘Генерал Михајло Апостолски’ за поврзување на Аеродром и Гази Баба“, соопштува Ѓорѓиевски, упатувајќи благодарност до премиерот Мицкоски за силната поддршка на капиталните проекти во главниот град.

Back to top button