ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судијката Мери Дика Георгиевска ги започна работните обврски во Уставниот суд

Судијката Мери Дика Георгиевска од денеска официјално ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Нејзиниот мандат како уставен судија ќе трае девет години, информираат од Судот.

Во рамките на нејзиниот прв работен ден, Георгиевска оствари работен состанок со претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски. Тој ја запознал новата судијка со внатрешната организација и начинот на функционирање на институцијата, како и со останатите судии и вработените во стручната служба.

Подготовка за првите предмети

Од Уставниот суд соопштуваат дека на судијката Георгиевска веќе ѝ се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.

„Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител“, се наведува во официјалното соопштение од Уставниот суд.

Back to top button