
По успешното отворање на седмото издание под отворено небо, организаторите на „Галичник Филм Фестивал 2026“ ја најавија програмата за третата фестивалска вечер, која ќе понуди шест краткометражни остварувања од домашни и странски автори.
Успешен почеток на филмската приказна
Првиот фестивалски ден помина во знакот на филмот и средбите, при што публиката, авторите и љубителите на седмата уметност повторно ја претворија планината во мало филмско срце. Организаторите изразија благодарност до присутните за успешната вечер и најавија продолжување на настанот со нови филмски светови и силни авторски гласови.
Програма за третата вечер
За вечерашната, трета фестивалска програма, најавени се приказни кои ќе ја насмеат, замислат и трогнат публиката. На репертоарот се наоѓаат шест меѓународни и домашни филмови:
„Сами, кој можеше да си ги одвои деловите од телото“ – во режија на Реин Мејчелсон (Индонезија)
„Гаражата е моја!“ – од Владимир Сухов (Русија)
„Самса“ – на Џанпјеро Пумо (Италија)
„Актерот“ – во режија на Дамјан Козоле (Словенија)
„Мала шега“ – од македонскиот режисер Трифун Ситниковски (копродукција меѓу Македонија и Хрватска)
„Просветление!“ – од Павел Модзелевски (Полска)

