
Двојни печати кои носат чекор поблиску до патување во Тоскана, дополнителни намалувања на веќе намалените изданија и нови светски бестселери се дел од изненадувањата со кои Издавачкиот центар „Три“ го одбележува 9 Август – Денот на книгољупците.
Акцијата насловена како „попуст на попуст“ за најомилените наслови започнува денеска (6 август) и ќе трае до недела (9 август).
Како посебно изненадување за читателскиот пасош, кој е дел од летниот предизвик на издавачката куќа, претстојниов викенд (8 и 9 август) купувачите ќе добиваат двојна предност. Во сите книжарници на „Три“, за сметка од 500 денари, наместо еден, читателите ќе добиваат два печата. Со ова, тие побрзо се приближуваат до главната награда за успешно завршениот предизвик – патување во волшебната Тоскана.
Нови наслови на полиците
Покрај празничните акции за љубителите на пишаниот збор, од „Три“ информираат дека нивната понуда од денеска е збогатена со два нови наслови кои штотуку излегоа од печат.
На полиците во книжарниците веќе се достапни летниот хит „Скок во забранети води“ на популарната авторка Али Хејзелвуд, како и психолошкиот водич „Размислувајте како психолог“ од Патрик Кинг, познат по бестселерот „Читајте ги луѓето како книга“.
Од издавачкиот центар ги покануваат сите вљубеници во книгите да го искористат овој период за да се нурнат во нови приказни и да го прослават својот празник со ново книжевно доживување.
