ВЕСТИСЦЕНАТРЕНД

Метју Меконахи конечно разјасни: Никогаш не ја одбив главната улога во „Титаник“ [ВИДЕО]

Метју Меконахи разјасни дека, и покрај долгогодишните гласини, тој никогаш не ја одбил главната улога во култниот филм „Титаник“.

Со години кружеа извештаи дека Меконахи ја одбил улогата на Џек Досон, која на крајот му припадна на Леонардо Дикаприо и го вивна во ѕвездите. Во новото интервју за подкастот „Happy Sad Confused“ со Џош Хоровиц, 56-годишниот актер изјави:

„Многу пати ми рекле: ’Еј, не ми се верува дека го одби Титаник‘. А јас им велам: ’Не го одбив Титаник‘. Тие возвраќаат: ’Па, режисерот Џејмс Камерон го кажа тоа‘, на што јас одговарам: ’Никогаш не ми беше понудена таа улога‘. И ако ми била, морам да го најдам тој агент. Тој агент ми должи пари.“

Актерот уште еднаш категорично повтори дека никогаш не добил таква понуда, додавајќи: „Која и да е таа измешана приказна, сум ја слушнал. Вистината е дека никогаш не ми ја понудија.“

Одлична аудиција со Кејт Винслет

Тој призна дека сепак бил на аудиција за улогата и бил убеден дека брилирал: „Имав одлична, барем така мислев, одлична аудиција. Продуцентите беа таму. Читав со Кејт [Винслет]. Излегов оттаму со чувство: ’Мислам дека ја добив улогата‘. Но, не ја добив.“

Други лица вклучени во создавањето на филмот тврдат дека актерот ја изгубил улогата бидејќи не сакал да се ослободи од својот јужњачки акцент.

Според мемоарите на продуцентот на филмот, Џон Ландау, актерката Кејт Винслет „била воодушевена од Метју, неговото присуство и шарм“, но неговиот акцент не се вклопувал во визијата на режисерот Џејмс Камерон. Камерон му рекол на актерот: „Тоа е одлично, сега ајде да пробаме на поинаков начин“, на што Меконахи сметал дека нема потреба, одговарајќи му: „Не. Ова беше прилично добро. Фала.“

Back to top button