ВЕСТИСВЕТ

Либан предаде 128 сириски затвореници на Сирија според договор меѓу двете земји

Либан предаде 128 сириски затвореници на Дамаск, изјави за француските медиуми еден безбедносен функционер, откако се реализира уште еден трансфер, согласно договорот меѓу двете земји потпишан во февруари.

Во преполните либански затвори се наоѓаат околу 2.000 Сиријци, што претставува речиси две третини од затворениците во оваа земја.

Стотици од нив се обвинети за „тероризам“ или напади врз либанските безбедносни сили.

Други се во затвор поради членство во вооружени или џихадистички групи кои се бореле против режимот на Башар ал-Асад за време на граѓанската војна од 2011 до 2024 година и чекаат судење.

Безбедносниот службеник изјави дека Бејрут „денес му предал на Дамаск втора група од 128 сириски затвореници кои се чуваат во Либан“.

Првичниот трансфер на 132 затвореници се реализира во март, според договор од февруари меѓу Либан и Сирија, кој вклучуваше речиси 300 затвореници кои отслужуваат казни од најмалку 10 години во либанските затвори.

Според условите на договорот, тие ќе го отслужат остатокот од казната во Сирија.

Обвинетите за силување или убиство не се вклучени во договорот, соопштија сириските власти.

Најмалку 260 од 356 осудени затвореници што се наоѓаат во Румие, затвор на периферијата на Бејрут, се префрлени во затворот Адра, во близина на Дамаск, соопштија безбедносните сили.

Прашањето за затворениците е извор на тензии меѓу Бејрут и Дамаск по соборувањето на режимот на Асад во декември 2014 година.

Двете земји, чии односи беа затегнати во минатото, постојано ја потврдуваа својата решеност да свртат нова страница откако исламистичката коалиција дојде на власт.

Back to top button