ВЕСТИПОЛИТИКА

Таравари: Мицкоски е последниот Наполеон, ВЛЕН молчи пред ударите врз Албанците

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, споредувајќи го со Наполеон и обвинувајќи го дека ја покажува својата политичка моќ преку удари врз Албанците. Во својата најнова јавна објава, Таравари истакнува дека државата и претходно гледала слични сценарија со премиери кои биле опиени од власта.

Според лидерот на Алијанса за Албанците, Мицкоски во моментов чекори по истиот пат на своите претходници. Тој го обвинува актуелниот премиер за континуирани удари врз албанскиот јазик, релативизирање на Бадентеровиот принцип, како и за слабеење на механизмот за правична и соодветна застапеност. Воедно, Таравари упати жестоки критики и до владејачката албанска коалиција ВЛЕН, нагласувајќи дека тие свесно молчат пред сите овие случувања.

„Наполеон почна да губи кога поверува дека е непобедлив. И Мицкоски треба да разбере дека Албанците не се територија на која еден премиер ја тестира својата моќ. Можеш да го имаш мнозинството, можеш да го имаш ВЛЕН покрај себе, но ниту една власт не е вечна“, пишува Таравари во својата реакција.

На крајот од објавата, тој порачува дека историјата има навика со „Наполеоните“ и дека нивниот пад започнува токму тогаш кога мислат дека не можат да паднат.

Back to top button