ВЕСТИИМПУЛССЦЕНАТРЕНД

Ридли Скот му одговори на Тарантино: „Black Hawk Down“ не е најдобар филм на векот, се прашувам што земал Квентин

Британскиот режисер Ридли Скот во свој карактеристичен стил реагираше на изборот на Квентин Тарантино, кој воената драма на Скот од 2001 година, „Black Hawk Down“ (Падот на црниот јастреб), ја прогласи за најдобар филм на 21. век.

Тарантино го стави филмот на Скот на врвот на својата листа во подкастот на Брет Истон Елис, рангирајќи го пред наслови како „There Will Be Blood“, „Toy Story 3“ и „Lost in Translation“.

Запрашан за оваа оценка во ново интервју за The Times, 88-годишниот Скот одговори со иронија и смеа:

„Се прашувам што земал, бидејќи што и да е тоа – сакам и јас!“, изјави Скот. На директното прашање дали лично го смета „Black Hawk Down“ за најдобар филм на векот, режисерот кратко одговори: „Не!“

Скот додаде дека не разговарал со Тарантино за овој коментар, но потсети дека неговиот покоен брат, режисерот Тони Скот, бил многу близок со него.

„Тони го обожаваше Квентин, а мислам дека и Квентин го обожаваше Тони“, истакна Скот.

Во интервјуто, авторот на класиците како „Alien“, „Blade Runner“ и „Gladiator“ упати и остри критики кон моменталната состојба во филмската индустрија и недостатокот на оригиналност:

„Погледнете, сега сè се врти околу убиена девојка во шума, агент на ФБИ кој е подобар од сите други – или суперхерој. По ѓаволите, мора да има и други приказни за раскажување!“, порача Скот.

Најновиот филм на Ридли Скот, пост-апокалиптичната драма „The Dog Stars“ со Џејкоб Елорди и Џош Бролин во главните улоги, наскоро пристигнува во светските кина.

Back to top button