ВЕСТИХРОНИКА

Возачи од Србија и Холандија уапсени на Табановце: Возеле со двојно поголема брзина на автопатот А1

Возачи од Србија и Холандија уапсени на Табановце: Возеле со двојно поголема брзина на автопатот А1

Полицијата на граничниот премин Табановце приведе двајца странски државјани кои се обиделе да ја напуштат државата откако претходно возеле со двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1. Двата прекршоци биле детектирани преку системот „Безбеден град“, по што возачите биле лишени од слобода.

Првиот случај е регистриран синоќа во 22:15 часот, кога на излез од државата била запрена 51-годишната И.М. од Србија. Таа управувала патничко возило „Мерцедес“ со српски регистарски ознаки. При проверката било констатирано дека на делотницата Демир Капија – Гевгелија возела со брзина од 168 километри на час, на место каде максималното ограничување изнесува 80 километри на час.

Неколку часа подоцна, поточно утрово во 05:00 часот, на истиот граничен премин бил приведен и 32-годишниот А.А. од Холандија. Тој управувал „Ауди“ со холандски ознаки и бил регистриран како вози со дури 177 километри на час во близина на Демир Капија, на место со истото ограничување од 80 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека двајцата возачи се приведени поради „безобѕирно управување со моторно возило“, дело казниво по член 297-а од Кривичниот законик, и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Back to top button