
Црногорскиот фудбалски стратег Миодраг „Гроф“ Божовиќ е назначен за нов шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар АД, потврдија официјално од клубот преку социјалните мрежи. Искусниот тренер со „црвено-црните“ потпиша договор со важност до летото 2028 година.
Божовиќ зад себе има богата и реномирана интернационална тренерска кариера. Меѓу неговите најголеми успеси се вбројуваат освојувањето на Купот на Русија со екипата на Ростов во сезоната 2013/14, како и шампионската титула во српското првенство со белградска Црвена Звезда во сезоната 2015/16.
