Од готово – вересија: Како Авалон со алките за Гета им го расипа ќефот на луѓето

Дамир НЕЗИРИ
Ова што го напрае Avalon International Booking со наступот на David Guetta, у Тетоо го викамо од готово, вересија.
Место народ да се радуе на убав настан (btw платен со народни паре), со уште поубав повод – 35 године независност, од вчера људи се мисља како ќе стигна да ги смена картете за алке. Од сабајле слушам за многу млади људи што не са од Скопје, како ги моља родителите да ги однеса до Скопје за да смена алка. Ова е срамота, и освен што е малтретирање е и непотребен финансиски трошок за нешто што, ќе повторим, е платено со народни паре.
Сум бил на многу настани кај што има многу људи (некои и со 150-200.000) и ја разбирам потребата да се презема акцие за да се намали гужва на почеток, ама па стадионот е буквално напраен за тоа: да овозможи брз влез и излез на многу људи. Па ако можеше финале на Лига Европа пред препун стадион да се организира, ваљда може и една журка, нели?
Се чини дека организаторите забраеле дека:
– Има људи што не жива у Скопје (а некои и у Македонија – кој се продаваја картете беше дури потенцирано дека може људи од надвор да купа карте) и дека за многу не е едноставно туку така да стигна да смена карта у денојте пред настанот.
Организаторите мора, како свегде у свет, да обезбеда можност за промена на картата на денот на настанот;
– Картете кој беа купени, беа нумерирани со: Зона, Ред и Седиште, како што и треба да биде за голем настан. У моментов не е јасно дали таја нумерација остануе да важи или од кој ќе се земе алката свекој може да седи кај што сака. Ова скоро па сигурно ќе напрае огромен хаос на Стадион, и ќе дигне непотребна тензија пред настанот.
Настанот е за 4 дена од сега, а организаторите и Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme (кое што беше споменато во објавата), како и Влада на Република Северна Македонија како институција што ги менаџира нашите паре, имаа време да ги промена работете и да овозможа народот бар два саата да се опушти без компликацие!
Преземено од ФБ профилпт на Авторот
