ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за наградата „Илија Жупаноски“ за борба против дезинформации

Трета година по ред е отворен конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“, наменет за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата, соопштија од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.

​Наградата Илија Жупаноски се доделува во две категории. Првата категорија се однесува на најдобар новинарски труд, односно стручен труд подготвен од граѓански организации и поединци. За најуспешните во овој сегмент е предвидена парична награда во износ од 2.000 евра во денарска противвредност.

​Втората категорија е наменета за едукативна мултимедијална содржина подготвена за млади од 18 до 28 години. Како што се појаснува во повикот, во оваа категорија се очекува креативна и иновативна употреба на информациско-комуникациските технологии со цел содржините да допрат до младите и да ги едуцираат во насока на јакнење на отпорноста од дезинформации. За добитникот на оваа награда следуваат 1.000 евра во денарска противвредност.

​Конкурсот ќе биде отворен за пријавување до 1 октомври 2026 година. Сите потребни детали за повикот, како и формуларите за учество, може да се преземат од официјалната веб-страница на фондацијата.

Back to top button