
Јовица Радески е кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните локални избори, соопштија од опозициската партија.
Според информациите од партијата, Радески доаѓа од приватниот сектор и целиот свој работен стаж го има посветено на граѓаните работејќи како ветеринар. Од СДСМ го опишуваат како чесен и вреден човек кој секојдневно е присутен меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом низ општината.
Партијата истакнува дека како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, тој одблиску ги познава проблемите и реалните потреби на локалното население. Од таму порачуваат дека нивниот кандидат е целосно подготвен со конкретни решенија кои треба да донесат промени на подобро за сите граѓани на Општина Брвеница.
