ИМПУЛСМАГАЗИНТРЕНД
Во тренд

Лејди Гага стана мајка: Пејачката го доби првото дете со свршеникот Мајкл Полански

Лејди Гага официјално стана мајка! Добитничката на Греми и Оскар го доби своето прво дете со свршеникот, претприемачот Мајкл Полански, потврдија извори за магазинот „Пипл“ (People) и „Пејџ Сикс“ (Page Six).

Пејачката и Полански се свршија во април 2024 година, а Гага подоцна во телевизиско интервју откри детали за романтичното запросување кое се случило по нивното заедничко патување за искачување по карпи, веднаш по нејзиниот роденден. Освен во приватниот живот, двојката веќе има и успешна професионална соработка – Полански е потпишан како текстописец на нејзиниот албум „Mayhem“ од 2025 година кој освои Греми, како и на песната „Glamorous Life“ од саундтракот за филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ (The Devil Wears Prada 2), во кој Гага имаше камео улога.

Поп-ѕвездата претходно во повеќе наврати беше многу искрена за својата желба да има семејство. За време на гостувањето во шоуто на Стивен Колберт во 2025 година, Гага изјави дека се надева оти нејзината „следна главна улога“ ќе биде токму мајчинството. Претставниците на пејачката сè уште немаат излезено со официјален коментар за медиумите, а засега не се соопштуваат ниту информации за полот и името на бебето.

Back to top button