АРТВЕСТИ

Премиера на претставата „Алиса се враќа дома“ в четврток во Драмскиот театар

На сцената на Драмскиот театар во Скопје в четврток премиерно ќе биде изведена претставата „Алиса се враќа дома“, која претставува дипломска работа на режисерката Моника Ставревска, студентка по театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Инспирирана од познатото дело „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Карол, претставата е конципирана како современа антибајка која ги обработува темите за моќта, послушноста, индивидуалната одговорност и бунтот. Режисерката Ставревска го поставува ова дело во рамките на Годишната програма на Драмскиот театар за 2026 година.

По повод претстојната премиера, за денеска е закажана прес-конференција на која пред јавноста ќе се обратат режисерката, авторката на текстот, драматургот, како и членовите на актерската и креативната екипа кои работеа на подготовката на претставата.

Back to top button