
СДСМ најави дека утре (сабота, 10 октомври) во Прилеп ќе одржи марш под слоганот „Непокор. Борба. Иднина.“, по повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.
Настанот се организира во чест на 85-годишнината од почетокот на Народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ. Според агендата на партијата, маршот ќе започне во 11:30 часот од Паркот на револуцијата, односно од спомен-комплексот Могила на непобедените.
Крајна дестинација на маршот е Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“, познат како Участакот, каде што пред присутните граѓани и поддржувачи ќе се обрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
