
На сцената на Националната опера и балет (НОБ) на 22 октомври, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“.
Претставата е поставена на музика од италијанскиот композитор Џузепе Верди. Преку јазикот на танцот и музичката изведба, балетот ја пренесува познатата приказна која ги разработува темите на љубовта, страста и личната жртва.
