ВЕСТИИМПУЛССПОРТ

БАРКОЛА МУ ДАВА ПРЕДНОСТ НА ЛИВЕРПУЛ: Младиот Французин отворен за преселба на „Енфилд“

Англискиот гигант Ливерпул го постави крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, како свој главен приоритет на трансфер-листата, објави познатиот инсајдер за фудбалски трансфери Фабрицио Романо. Според неговите информации, клубот од „Енфилд“ уште од април интензивно работи на овој трансфер.

Младиот француски репрезентативец е отворен за преселба во Премиер лигата и му дава предност токму на проектот на Ливерпул, доколку двата клуба успеат да се договорат за висината на обесштетувањето, наведува Романо.

Одбивање нов договор со ПСЖ и отворена врата за заминување

Ливерпул покажа интерес за Баркола уште минатото лето, а сега ја продолжува офанзивата за неговиот потпис и ги чека конечните барања на францускиот шампион во однос на цената.

Ситуацијата, како што пишува Романо, дополнително ја олеснува фактот што Баркола нема намера да потпише нов договор со Пари Сен Жермен. Тој одлучи да го отвори следното поглавје во кариерата надвор од Франција, а Ливерпул е подготвен веднаш да ја искористи оваа можност.

Редакција Брц

Back to top button