ВЕСТИСКОПЈЕ

Ѓорѓиевски предводеше акција за чистење на Скопје: Пуштена нова механизација и 3.300 контејнери

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со други градоначалници, млади и волонтери, денеска ја продолжија големата акција за расчистување на главниот град. Во рамки на активностите, Ѓорѓиевски информираше дека во употреба е пуштена нова механизација и оти низ Скопје веќе се поставуваат 3.300 нови контејнери со цел побрзо и поефикасно собирање и транспортирање на отпадот.

Ѓорѓиевски упати благодарност до илјадниците граѓани кои се вклучија во акцијата, истакнувајќи го присуството и на советниците од опозицијата како пример дека грижата за градот треба да ги обединува сите. Тој апелираше до несовесните граѓани да престанат со фрлање отпад и да го почитуваат трудот на нивните сограѓани кои одвоиле време за да го исчистат јавниот простор.

Според најавите на градоначалникот, ваквите еколошки акции ќе се организираат двапати месечно, со цел заедничкиот труд да прерасне во трајна навика за одржување на јавната хигиена во Скопје.

Back to top button