ВЕСТИЕКОНОМИЈАПОЛИТИКА

СДСМ: Намалувањето на ДДВ-то за горивата е задоцнета мерка, цените веќе го удрија плафонот

Опозициската СДСМ реагираше на најавата од премиерот Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ-то за дизел горивото од 18 на 10 проценти, оценувајќи дека мерката е доцна шминка која доаѓа откако цените веќе го достигнале максимумот. Според партијата, власта свесно дозволила граѓаните да го плаќаат цехот на поскапувањата пред да излезе со половична мерка и да бара аплауз, соопштија од СДСМ.

Мицкоски од Велес: Денеска носиме одлука за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти

Од партијата потсетуваат дека уште на почетокот на кризата барале поконкретни и побрзи мерки: намалување на ДДВ-то за горивата на 5 отсто, итно укинување на акцизата и нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи. Наместо тоа, велат од СДСМ, Владата го оставила пазарот на берзата, не презела ништо за да го заштити стандардот и ги оставила граѓаните да точат резервоари на рати.

Во реакцијата се критикува и ставот на премиерот дека горивото кај нас, иако не е евтино, сепак е со пониска цена од државите во соседството. Од СДСМ посочуваат дека горивото не е луксуз, туку основна потреба која го диктира поскапувањето на сè останато – од превозот до работа до цената на лебот во продавниците. Дополнително, партијата обвинува дека државниот буџет се троши на „спектакли, криминални тендери и Лотарија“, додека власта се жали на фискални импликации кога треба да се донесе мерка за помош на народот.

Back to top button