ВЕСТИСВЕТ
Во тренд

Воен авион се сруши во Велс, пилотите се катапултираа [ВИДЕО]

Двајца пилоти се катапултираа и безбедно се спуштија со падобрани пред нивниот авион за обука на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) да се сруши и да избувне во пламен, за влакно промашувајќи станбени куќи. Полицијата во Северен Велс соопшти дека пилотите на авионот „Hawk T2“ се здобиле со полесни повреди по инцидентот во областа Пенкарнисиог на островот Англси.

Пилотите со хеликоптери на воздушната брза помош биле пренесени во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем на понатамошно лекување. Очевидците раскажуваат дека авионот имал очигледни проблеми веднаш по полетувањето од локалната воена база. „Веднаш штом полета се појави портокалов пламен. Авионот забрзуваше, но буквално гореше. Потоа нагло се подигна, се слушнаа две силни експлозии и пилотите се катапултираа“, изјави еден од сведоците.

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, потврди дека екипажот е безбеден и се опоравува во болница, најавувајќи официјална истрага за причините за несреќата. Инаку, базата „РАФ Вали“ (RAF Valley) од каде што полетал авионот е главниот центар за обука на британските борбени пилоти. Токму во оваа база принцот Вилијам служеше како пилот за пребарување и спасување од 2010 до 2013 година.

Back to top button