АРТВЕСТИ

Три награди за претставата „Змеј“ на режисерката Нела Витошевиќ на фестивалот „Театар на раскрсница“

Македонската режисерка Нела Витошевиќ освои награда за најдобра режија за претставата „Змеј“ на меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Претставата, која е во продукција на Градскиот театар од Љубљана (МГЛ), вкупно освои три признанија на овој меѓународен театарски настан.

Покрај наградата за режија која ѝ припадна на Витошевиќ, стручното жири предводено од претседателот Ирфан Менсур додели уште две престижни признанија за овој театарски проект. Игор Васиљев ја доби наградата за најдобра сценографија, додека Јелена Проковиќ е наградена за најдобра костимографија во претставата.

Споделувајќи ја веста за успехот, Витошевиќ истакна дека овие награди се производ на колективниот труд на целата екипа. Таа упати благодарност до директорката на љубљанскиот театар Барбара Хиенг Самобор, до жирито, како и до актерскиот ансамбл, авторската и техничката екипа, нагласувајќи дека тие секогаш го вадат најдоброто од неа.

Back to top button