АРТВЕСТИИМПУЛССЦЕНАТРЕНД

„Месечина“ на Фолтин во ново руво: Foolish Green ја преработија песната во рамки на проектот „Re:Composed“

Македонскиот музички состав Foolish Green ја преработи познатата песна „Месечина“ на групата Фолтин, давајќи ѝ сосема ново прозвучување, енергија и сопствен музички сензибилитет. Оваа музичка соработка претставува 13-та епизода од иновативниот проект „Foltin Re:Composed“.

​Според утврдениот концепт на проектот, премиерното емитување на секој нов сингл се одвива секое понеделничко утро на радио мрежата Метрополис (Metropolis Radio Network), во рамки на емисијата „Маја за подварок и менопауза“ со водителката Маја Казакова. Истиот ден, песните стануваат достапни на сите дигитални музички платформи (DSP), дистрибуирани благодарение на издавачката куќа Filter Label.

​Фолтин најавуваат дека по завршувањето на оваа серија на дигитални музички објави, целиот албум „Re:Composed“ ќе биде објавен и во физички формат на винил, во соработка со Password Production. Визуелниот идентитет на проектот го потпишува познатиот дизајнер Зоран Кардула, додека за анимацијата е задолжен Гоце Веселиновски.

Back to top button