
Во добриот дух и хуморот по кои целосно го препознаваше публиката, македонската културна сцена денеска се прости од еден од своите најомилени ликови. На 75-годишна возраст, по долга борба со сериозни здравствени проблеми, почина актерот Гоце Тодоровски, вест која ја потврди неговото семејство.
Неговото заминување остава неизмерна празнина во македонскиот театар, телевизија и радио, каде што зад себе остави богато творештво и незаборавни улоги кои одбележаа цели генерации.
Актерскиот пат на Тодоровски е исполнет со десетици маестрални остварувања во драмски серии, хумористични емисии, радио-драми и театарски претстави. Неговата специфична харизма и талент за комедија го направија еден од најблиските и најомилените глумци кај домашната публика.
Поранешниот претседател Стево Пендаровски, за време на неговиот мандат, го одликува Гоце Тодоровски со Орден за заслуги за Република Северена Македонија.
Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Со својот уникатен актерски талент се вмрежи во нашите срцa оставајќи неизбришливи траги во нашата историја, култура и традиција, истакна тогаш Пендаровски.
