ВЕСТИСЦЕНАТРЕНД
Во тренд

Орландо Блум на удар поради експлицитна сцена со сестрите Кејт и Руни Мара

Орландо Блум се најде во центарот на вниманието откако фановите жестоко ја критикуваа неговата интимна сцена со вистинските сестри Руни и Кејт Мара во претстојниот филм „Bucking Fastard“. Сцената со тројка предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, каде што згрозените гледачи ја нарекоа „одвратна“ и „бизарна“.

Дебатата се разгоре на платформата Редит, откако Блум викендов зборуваше за филмот на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан. Додека дел од корисниците коментираа дека не можат да разберат зошто сестрите прифатиле ваква улога, други застанаа во нивна одбрана, посочувајќи дека станува збор за професионална глума и дека дејството се базира на вистинска приказна.

Во филмот, Блум го игра Герет Малрони, маж кој е растргнат помеѓу сестрите близначки Џоан и Џин Холбрук. Актерот ја опиша сцената како „искрена“, додавајќи дека ликовите имаат телесни желби, но и одредена невиност. Режисерот на филмот, 84-годишниот Вернер Херцог, моментот го нарече „убав“ и полн со „шарм и длабочина“, откривајќи дека им оставил целосна слобода на актерите при снимањето без да им дава директни инструкции.

Филмот ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција на почетокот на септември, но сè уште нема точен датум за широка кино-дистрибуција.

Back to top button