ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСКОПЈЕ

Започна реконструкција на паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје

Целосно се реконструира паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје, при што постојните подни плочки и пешачки патеки се заменуваат со мермерни, а паралелно се врши и реставрација на урбаната опрема. Во рамки на градежните активности предвидено е и дополнително хортикултурно уредување за збогатување на зелената слика на овој простор, соопштуваат од Град Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изврши увид во градежните работи, истакнувајќи дека овој парк е место каде што се среќаваат зеленилото, спомените и историјата, поради што заслужува да биде уредено и негувано со внимание кон секој детал. Тој посочи дека грижата за градот е приоритет и најави дека продолжуваат активностите за обновување на постојните и подигнување нови зелени површини, за повеќе простор за одмор и дружење на сите генерации.

Во рамки на активностите за уредување на паркот, претходно беше вратен во функција и повторно засвети Вечниот оган кај фонтаната.

Back to top button