ВЕСТИИМПУЛСМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

Посвежи утра и пријатни дневни температури: Какво време нè очекува во новата седмица

Во текот на наредната седмица во Македонија ќе преовладува стабилно, претежно сончево и значително посвежо време со мала до умерена дневна облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според метеоролошките најави на УХМР, по изминатиот топол бран, новата работна недела носи стабилизација на атмосферата и пад на температурите, особено во утринските и вечерните часови.

Утринските температури на ниво на целата држава ќе се спуштаат во интервал од 8 до 18 степени, додека максималните дневни ќе се движат во пријатни граници од 24 до 30 Целзиусови степени.

На почетокот на седмицата се очекува да дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува од северозападен правец.

Во Скопје ќе се задржи претежно сончево време со умерена облачност, каде што дневната температура ќе достигне меѓу 26 и 28 степени, а ноќите и раните утрински часови ќе бидат значително посвежи, со вредности околу 10 до 15 степени.

Синоптичарите најавуваат период на типично преодно септемвриско време без нагли температурни скокови или поизразени врнежи во првата половина од неделата.

Back to top button