ВЕСТИПОЛИТИКА

Гаши предводи собраниска делегација на Парламентарниот самит на НАТО во Истанбул

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе учествува на Парламентарниот самит на Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026 година се одржува во Истанбул, Република Турција. Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, кој е шеф на Делегацијата на нашето Собрание во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик-генерален секретар на Собранието, се наведува во соопштението на Собранието.

Претседателот Гаши на Парламентарниот самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат претседатели на парламенти на земји членки на НАТО, како и шефови на парламентарните делегации во ПС на НАТО, ќе има и свое обраќање. Парламентарниот самит се одржува во пресрет на Самитот на НАТО, што наскоро ќе се одржи во Анкара, Република Турција.

„Воведно обраќање на Самитот ќе имаат и претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, Нуман Куртумлуш, претседателот на ПС на НАТО Маркос Перестрело, како и заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска“.

Back to top button