ВЕСТИПОЛИТИКА

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ поради политиките на Владата

Северна Македонија не е на листата на Европската комисија за подготовка на патокази за пристапување кон ЕУ, процес кој ќе ги опфати Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, соопштија од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Од партијата наведуваат дека некогашниот лидер во регионот сега стои во место, додека сите останати држави одат напред.

Според ДУИ, изоставувањето од европската мапа е директна последица на политиките на актуелната власт. Партијата обвинува дека Владата за две години не понудила ниту едно решение, не отворила ниту едно поглавје и не направила чекор напред во евроинтеграциите, нудејќи само оправдувања и конфликти.

Од партијата посочуваат дека додека другите земји ќе имаат јасен план, рокови и подобар пристап до европските фондови и пазари, Северна Македонија се оддалечува од групата што напредува. ДУИ бара Владата да одговори пред граѓаните зошто државата е надвор од процесот, кој е следниот план и колку ќе чини оваа блокада. Власта, како што стои во соопштението, ја презела државата со отворен пристапен процес, а сега ја држи во заложништво, без пат и без рок за проширувањето.

Back to top button