ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

Во Берово утрово минус 4 степени. Какво време нè очекува наредната недела

Најстудено утрово во земјава беше во Берово каде се измерени минус 4 степени, додека во Битола е измерен 1 степен, а 2 степени се регистрирани во Скопје-Петровец.

Според податоците од утринските мерења, во Штип, Кавадарци, Гевгелија и Охрид температурата изнесувала 5 степени. Во текот на денешниот ден се очекува максималните температури низ државата да достигнат до 28 степени.

Во следните денови времето ќе се задржи релативно топло, со максимални дневни температури кои ќе достигнуваат до 29 степени. Според најавите, до среда утрата ќе продолжат да бидат ведри и студени, додека во текот на денот низ државата ќе преовладува претежно сончево време.

Back to top button