ВЕСТИПОЛИТИКА

Филипче за изборите во Србија: Падна Орбан, падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати честитки до граѓаните на Србија за, како што ја нарече, нивната голема и историска изборна победа.

​Во својата објава, тој направи директна паралела со политичките промени во регионот и Европа. „Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, напиша Филипче.

​Тој изрази очекување дека Северна Македонија и Србија во иднина ќе градат најдобри можни односи, исклучиво засновани на меѓусебно почитување и соработка.

​На крајот од пораката, Филипче им се обрати на македонските граѓани со најава за претстојната политичка битка на домашен терен. „На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група“, заклучи тој во својата објава.

Back to top button