ВЕСТИЕДНАКВИИМПУЛССПОРТ

Македонските фудбалери со даунов синдром од ФК Карпошово се балкански шампиони

ФК „Карпошово“, македонскиот фудбалски тим составен од спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост, го освои првото место и шампионската титула на Балканското првенство кое од 2 до 4 октомври се одржа во Софија, Бугарија, информираат од клубот преку нивните официјални објави на социјалните мрежи.

Овој голем успех за македонскиот инклузивен фудбал е круна на посветената работа во рамки на проектот „Фудбал за сите деца“. Оваа позитивна спортска иницијатива континуирано се реализира со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фондацијата на УЕФА за деца (UEFA Foundation for Children).

Преку своите спортски достигнувања на меѓународниот терен, фудбалерите на ФК „Карпошово“ продолжуваат да испраќаат силна општествена порака за вистинска инклузија, целосно прифаќање и рамноправност. Нивната шампионска победа во Софија претставува уште еден важен чекор во промоцијата на спортот како моќна алатка за надминување на бариерите и рушење на предрасудите.

Back to top button