ВЕСТИПОЛИТИКА

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

СДСМ преку писмено соопштение упати барање до Владата веднаш јавно да го објави целосниот извештај и сите анализи за квалитетот на водата во Гостивар, прашувајќи кој со свој потпис гарантира дека таа е безбедна за употреба.

Од опозициската партија оценуваат дека е несериозно и неодговорно по сè што се случуваше во градот, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на голи изјави. Ваквата реакција, како што посочуваат, доаѓа откако власта постојано давала различни информации, а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели биле контрадикторни.

СДСМ јавно прашува зошто досега ниту еднаш не е објавена целосна анализа на водата и бара одговори на неколку клучни прашања:

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

„По 5.000 граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања. За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис“, порачуваат од СДСМ.

Од партијата заклучуваат дека граѓаните бараат една едноставна работа – чиста и безбедна вода, и имаат право да ја знаат целата вистина, повикувајќи ја власта барем еднаш да биде сериозна и да го објави документот.

Back to top button