ВЕСТИСПОРТ

Меси откри колку долго планира да игра фудбал

Најдобриот аргентински фудбалер, 39-годишниот Лионел Меси откри колку долго планира да игра фудбал.

Меси вчера наполни 39 години.

– Дали планирам да играм уште неколку години? Да, да. Ќе играм уште некое време, сè додека можам да бидам корисен, сè додека се чувствувам добро физички и им помагам на моите соиграчи… Ќе продолжам да играм, изјави Меси во интервју за новинарот Фабрицио Романо.

За време на групната фаза на Светското првенство во 2026 година, Меси постигна хет-трик против Алжир (3:0) и два гола против Австрија (2:0), помагајќи ѝ на Аргентина да се пласира во нокаут фазата на турнирот.

Аргентина на 28 јуни ќе игра против Јордан во нивниот последен натпревар од групната фаза на Мундијалот 2026.

Back to top button