ВЕСТИВИДИГИТАЛСВЕТ

Корисници ширум светот пријавуваат проблеми со Google Gemini

Корисници на Google Gemini денеска пријавуваат проблеми во работата на популарниот систем за вештачка интелигенција, при што разговорите се прекинуваат, а дел од барањата остануваат без одговор.

Според објави на корисници на специјализирани платформи за следење на прекини и на онлајн форумите, проблемите се забележани во повеќе земји, а најчесто се појавува пораката: „I encountered an error doing what you asked. Could you try again?“ („Се појави грешка при обработката на вашето барање. Обидете се повторно“).

Пријавите укажуваат дека потешкотиите ги погодуваат и веб-верзијата и мобилната апликација на Gemini, додека дел од корисниците наведуваат дека проблемите се појавуваат среде активен разговор со системот.

Во моментот Google нема објавено официјално соопштение за причините за проблемите. Платформите што ја следат достапноста на услугата бележат зголемен број кориснички пријави во текот на денот, иако дел од сервисите сè уште ја водат услугата како оперативна.

Gemini е еден од најкористените системи за вештачка интелигенција во светот и е интегриран во голем број услуги на Google, поради што и краткотрајните прекини предизвикуваат реакции кај корисниците кои го користат за работа, учење и секојдневни задачи.

Back to top button