ВЕСТИХРОНИКА

Кривична пријава за кумановец кој упатувал закани кон Мицкоски на социјалните мрежи

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово, во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ), поднесе кривична пријава по брза постапка против лицето А.Д. од кумановското село Черкези. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик, се наведува во редовниот билтен на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што појаснуваат од полицијата, кривичното дело било сторено на 11 септември годинава. Пријавениот на тој датум оставил коментар со заканувачка содржина на објава на профил на социјална мрежа на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Back to top button