ВЕСТИХРОНИКА

Кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и автомобил

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против 41-годишниот В.К. од Струмица, поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“ отворени по Кривичниот законик, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од полицијата, пријавениот се сомничи дека на 25 јули 2026 година околу 22:00 часот и на 26 јули 2026 година околу 01:00 часот во Струмица подметнал пожари на трактор сопственост на 70-годишниот Ж.Д. и на патничко возило „киа“ сопственост на К.Т., двајцата од Струмица.

Одреден притвор во траење од 30 дена

Пожарите биле успешно изгаснати од екипите на Територијалната противпожарна единица од Струмица, а при инцидентите нема повредени лица.

„В.К. бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена“, соопштуваат од МВР.

Back to top button