
Околу 25 милиони евра, односно една и пол милијарда денари од државниот буџет се децентрализирани и пренасочени кон општините за изградба, проширување, реконструкција и пренамена на детски градинки, соопштуваат од Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека во моментов активно се работи на десетици вакви капитални проекти ширум државата. Според неговите податоци, 16 проекти се во фаза на изработка во Скопје, додека вкупно 37 се реализираат на целата територија на земјата.
Главната цел на овие инфраструктурни инвестиции во локалната самоуправа е трајно решавање на проблемот со згрижувањето на децата. Премиерот очекува дека со финализирањето на овие објекти, како краен резултат, повеќе нема да постојат листи на чекање за упис на дечињата во градинките.
