ВЕСТИПОЛИТИКА

ДУИ: За прославата со Додик бесплатно, за Денот на заедниците 4.500 евра, а ВЛЕН молчи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја повика Владата веднаш да ја објасни разликата во третманот при користењето на државните културни институции, посочувајќи дека прославата на „Деновите на Свети Сава“, на која главен гостин бил Милорад Додик, се одржала бесплатно, додека за одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите биле наплатени 4.500 евра.

Од партијата оценуваат дека уште поскандалозно е целосното молчење на коалицискиот партнер ВЛЕН, кој и покрај тоа што се претставува како застапник на еднаквоста и заедниците, не реагирал на применетите различни аршини од страна на државните институции.

Во своето соопштение, ДУИ отворено прашува дали ВЛЕН се согласува со ваквите политики, дали нивните министри гласале за овие одлуки и дали нивната улога во Владата се сведува исклучиво на молчаливо покривање на неправдите.

„За настан со Додик – бесплатно. За Денот на Ромите – 4.500 евра. За ВЛЕН – молк. Државните културни институции не смеат да се користат според политичка блискост, етничка наклонетост или партиски интерес. Потребни се јасни, еднакви и јавно достапни критериуми за сите“, порачуваат од ДУИ.

Back to top button