ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерство за здравство: Нема хоспитализирани пациенти од загадена вода во Скопје

Во Скопје досега нема ниту еден регистриран или хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со консумирање на загадена вода. Ова денеска го соопштија од Министерството за здравство, смирувајќи ја јавноста по ширењето на информациите за наводно загадување на водата за пиење во главниот град.

Потврда за оваа информација, како што посочуваат од Министерството, дошла лично од директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, на денешната прес-конференција. Истиот став го делеле и одговорните лица од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје, кои исто така информирале дека во нивните евиденции досега не се регистрирани вакви случаи.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека продолжуваат активно да ја следат состојбата на терен и најавуваат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите релевантни податоци.

Водата во Скопје е безбедна, Ѓорѓиевски и ЈП Водовод најавија пријави до МВР за ширење паника

Истовремено, надлежните упатија строг апел за точно, вистинито и објективно информирање, како и задолжителна проверка на сите факти пред објавување на информации кои директно ја засегаат јавноста и можат да предизвикаат непотребна паника.

Back to top button