ВЕСТИМАГАЗИНМАКЕДОНИЈА

Данела Арсовска на видеобим на познатата кула Nasdaq на Тајмс Сквер

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, објави дека нејзиниот лик осамнал на познатата кула на Насдак (Nasdaq) на Тајмс Сквер во Њујорк, информирајќи ја јавноста преку својот официјален профил на социјалните мрежи. Таа истакна дека ова е посебно признание за нејзиниот ангажман како членка на работната група на Г20 САД Б20 (G20 United States B20 Task Force) во креирањето приоритети и препораки за унапредување на глобалната агенда за економски раст.

Во својата објава, Арсовска посочува дека Кевин Брејди, претставник на Б20 САД, го означил почетокот на тргувањето на берзата Насдак, што претставува важна пресвртница за Американската стопанска комора во пресрет на самитот на Г20 Б20 кој ќе се одржи во Вашингтон овој ноември. Овој настан, според неа, го рефлектира нивниот колективен придонес кон препораките за политики во коминикето на Г20, фокусирани на економскиот раст, инвестициите, иновациите, конкурентноста и глобалните пазари на капитал.

Поранешната градоначалничка истакна дека е горда што е препознаена во живо на кулата Насдак за време на отворањето на пазарот на капитал, оценувајќи го настанот како моќен симбол за глобалните лидери кои се обединуваат да ја обликуваат иднината на економскиот раст. Таа нагласи дека ѝ претставува огромна чест да ја претставува работната група на една од највидливите светски сцени за бизнис, капитал и иновации, останувајќи фокусирана на идните влијанија од нивната заедничка работа.

Back to top button