ВЕСТИПОЛИТИКА

Министерство за правда загрижено за приемот на Ива Михаилова во Софија и покрај активната судска забрана

Министерството за правда изрази загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, во период кога против неа е на сила активна судска забрана.

Од институцијата посочуваат дека владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и доследна примена на правните процедури. Во соопштението се нагласува дека националната припадност и државјанството не смеат да претставуваат основа за привилегиран третман или различна примена на законот.

Министерството потсетува дека соседните држави кои се посветени на европската перспектива имаат обврска да ги градат односите врз заемна доверба и ефикасна правна соработка, што вклучува почитување на независноста на судските постапки. Истакната е важноста на институционалниот дијалог за разрешување на отворените прашања врз основа на факти и меѓународни правни механизми.

Европските вредности не се само декларација, туку обврска, а правдата мора да важи за сите без исклучок и без селективност, порачуваат од Министерството за правда.

Back to top button