ВЕСТИПОЛИТИКА

Стојанчо Радичевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на вонредните избори во Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, откако предлогот беше едногласно изгласан на редовна седница на Извршниот комитет на партијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Радичевски е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Според биографските податоци наведени во соопштението, тој дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.

Од владејачката партија очекуваат обединување на сите прогресивни сили и поддршка за нивниот предлог. Тие оценуваат дека Радичевски претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на Општина Брвеница, порачувајќи дека на изборите одат на убедлива победа.

Back to top button