ВЕСТИИМПУЛСМАГАЗИН

Нина Талеска е светски вицешампион во хип-хоп во детска категорија

Младата Нина Талеска од студиото „Break a Leg“ освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска во конкуренција на 4.000 танчери.

Младата Нина Талеска од танцовото студио „Break a Leg“ го освои сребрениот медал на Светското првенство во хип-хоп во Келце, Полска. Овој блескав резултат во категоријата „Хип-хоп соло Мини кидс“ претставува историски и досега најголем успех за македонскиот танц на ова престижно натпреварување.

Талеска успеа да се избори за второто место и титулата светски вицешампион во исклучително силна конкуренција на првенството, кое се одржува од 17 до 24 октомври и обединува околу 4.000 танчери од дури 34 земји ширум светот.

Нејзиниот тренер и кореограф, Андријана Петковски, не го криеше задоволството од постигнатиот резултат.

„Овој успех е резултат на огромна посветеност, дисциплина и напорна работа. Горда сум на Нина и верувам дека ова е само почеток на нејзините големи успеси“, изјави Петковски по освојувањето на медалот.

По овој голем успех во детската категорија, тимот на „Break a Leg“ ги продолжува своите настапи во Келце во јуниорските и сениорските категории, со надеж за нови медали и светски признанија за Македонија.

Back to top button