АРТВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

Објавен Конкурсот за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ официјално го распиша конкурсот за 2026 година. Со ова престижно државно признание традиционално се валоризираат највисоките остварувања во областа на публицистиката и новинарството во државата.

Како што информираат од Министерството за култура и туризам, наградата може да им се додели на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва, како и на здруженија на граѓани. Согласно пропозициите на конкурсот, ова признание не е ограничено само на домашни автори – тоа е отворено и за странски државјани, групи, екипи и институции од странство кои имаат значаен придонес во овие области.

Пријавувањето за престижната награда стартува денеска и конкурсот ќе трае во текот на целиот месец, односно од 1 до 31 октомври 2026 година.

Сите заинтересирани кандидати можат да ги најдат деталните услови на конкурсот, како и потребниот образец за пријавување, во делот за државни награди на официјалната веб-страница на Министерството за култура и туризам.

Back to top button